Денеска во Министерството за внатрешни работи на Република Северна Македонија се одржа средба помеѓу министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, директорот на Бирото за јавна безбедност м-р Сашо Тасевски и Амбасадорот на Чешката Република , во заминување, Н.Е. Мирослав Томан.

На средбата беше изразено задоволство од интензивната соработка помеѓу Амбасадата на Чешката Република и Министерството за внатрешни работи, која во претходниот период се интензивираше на највисоко ниво. Притоа беше нагласена безрезервната поддршка од страна на Амбасадата на Чешката Република, со која преку донации, како и преку реализација на голем број обуки, се придонесе за унапредување на капацитетите на вработените во Министерството за внатрешни работи.

Истовремено, на средбата беше нотирана и континуираната поддршка од страна на чешката полиција при спроведувањето на заедничките операции на нашата јужна граница, што секако придонесува за успешно справувањето со илегалната миграција и сузбивањето на прекуграничниот криминал.