Министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска и Амбасадорот Клеменс Која – Шеф на Мисијата ОБСЕ во Скопје денеска ја остварија последната средба поради завршување на четиригодишниот мандат на амбасадорот во нашата земја.

Министерката Тренчевска и амбасадорот Која се осврнаа на заедничките проекти и активности кои изминативе години Министерството за труд и социјална политика со поддршка на Мисијата на ОБСЕ во земјава ги реализираа.

„Периодот зад нас го одбележаа многу проекти и активности од областа на социјалната заштита, инклузијата на ранливите категории, со акцент на Ромите, нивно извлекување од сиромаштија, вклучување на пазарот на труд и социјални услуги, потоа, родовата еднаквост и антидискриминацијата. Продолжуваме со добро воспоставената соработка со мисијата на ОБСЕ и понатаму,“ рече Тренчевска.

Министерката се заблагодари за одличната соработка со мисијата на ОБСЕ во земјава, предводена од амбасадорот Која, и изрази уверување дека работата на заедничките проекти и цели кои имаат за цел подобрување на квалитетот на живот на сите граѓани ќе продолжи и во иднина.