Средба Маричиќ-Гир: ЕУ со поддршка за реформите во правосудството
Vestiplus.mk
МАКЕДОНИЈА

Средба Маричиќ-Гир: ЕУ со поддршка за реформите во правосудството

Министерот за правда Бојан Маричиќ и евроамбасадорот Дејвид Гир на денешната средба разговараа за законодавната агенда на Министерството за правда со акцент на разговорите за измените на Изборниот законик.

Министерот Маричиќ истакна дека е задоволен од констртуктивноста на разговорите за измена на Изборниот законик и посочи дека е постигната начелна согласност за исполнување на препораките на ОБСЕ и ОДИХР.

За време на состанокот, министерот Маричиќ доби поддршка и охрабрување од евроамбасадорот Гир кој оцени дека досегашната работа на Министерството за правда е во вистинска насока и дека динамиката на реформи е добра.

Министерот Маричиќ истакна дека во Министерството за правда ќе продолжи со силно темпо на реализација на законодавната агенда, без разлика на актуелните случувања на нашиот евроинтеграциски пат.

Можеби ќе ве интересира...

Илиевски: Две мултифункционални игралишта за Зелен рид, населбата има потенцијал за доуредување и разубавување на едно многу повисоко ниво

В+

Завршна конференција на тема „Квалитетот на воздухот во затворени простории и здравствените ризици од загадувањето на воздухот“

В+

Османи: Мора да дејствуваме овде и сега за доброто на луѓето

Vesti +

Сопругата на претседателот учествуваше во хуманитарна акција

В+

Тежок ден: 29 починати, 1166 новозаразени

В+

Османи во работна посета на Брисел

В+