26 мај 2023, Тиват – Реализацијата на проектите во земјата, што се дел од Стратегијата за партнерство на РС Македонија со Светска банка за периодот 2019-2023, како и активностите што се одвиваат за продолжување и продлабочување на таа соработка, беа тема на денешната средба на министерот за финансии Фатмир Бесими со заменик-претседатеот на Светска банка Антонела Басани и Алфонсо Гарсиа Мора, регионален заменик-претседател во ИФЦ.

Инфраструктурни проекти, изградба на локални патишта, модернизација на образованието, дигитализацијата се само дел од областите на кои е фокусирана Стратегијата. Значајна поддршка е посветена и на енергетскиот сектор, особено преку подобрување на енергетската ефикасност, поле кое и во индина ќе биде меѓу приоритетите, со цел да се надминат предизвиците кои ги донесе енергетската криза, како и влијанието на климатските промени.

„Добро индентификување на приоритетите е најзаначјно за успешна реализација на новата програма и посигнување на поставените цели. Приоритетите кои ќе бидат вградени во новата Стратегија треба да произлезат од она што е дефинирано како приоритет на Владата во националните стратешки документи, како и Програмата за економски раст, која содржи клучни реформи заеднички усвоени со Европската унија, а кои значат и побрзо приближување на земјата кон ЕУ“, рече министерот за финансии Фатмир Бесими.
Меѓу идентификуваните области на коишто би се засновала идната соработка се обезбедување одржлив развој на општините, подобрување на квалитетот на воздухот, дигитален развој и енергетска транзиција.
На средбата беше потврдено дека политиките што ги спроведува Владата обезбедуваат одржливост на среден рок. Таквите политики поддржани со значајни инвестициски проекти и спроведрување на реформите ќе доведат до забрзани стапки на економски раст.
Министерот за финансии Фатмир Бесими, средбата, на која учествуваше и гувернерката Анита Ангеловска-Бежоска, ја одржа на маргините на Состанокот на Конституенцата на ММФ и СБ што се одржува во Тиват, Црна Гора.