PCR тестови се бараат во многу земји, меѓу кои е и Грција, омилената летна дестинација на Србите.

Грција на граничен премин бара пополнет PLF формулар, потврда за вакцинација или негативен PCR тест не постар од 72 часа. Прифаќаат и потврда дека сте прележале корона, со PCR или антигенски тест, но потребно е да сте имале корона најмалку девет месеци пред почетокот на патувањето.

PCR во Србија чини 9.000 динари (77 евра), што за четиричлено семејство е голем трошок. Меѓутоа, Србите кои се одлучиле да одат на море во Грција со кола, едноставно PCR тест прават во Македонија, додека проаѓаат преку нашата земја.

Во Македонија PCR тест чини околу 25 евра, што е значително поевтино за разлика од Србија, пренесоа српските медиуми.