На 05.11.2022 во 18.45 часот било пријавено дека во Тетово, на крстосницата од булеварите „Видое Смилески-Бато“ и „Илинденска“, патничко возило „фиат пунто“, со српски национални ознаки, управувано од М.Н.(27) од Р.Србија, со престој во Тетово удрило во малолетничка (пешак) од Тетово, а потоа и во патничко возило „сеат“, со тетовски регистарски ознаки, управувано од Н.Н.(38) од с.Порој.

Во несреќата пешакот се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Клиничката болница во Тетово.

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Тетово.