Под влијание на топла, влажна и нестабилна воздушна маса денес и во следните денови во попладневните часови ќе биде нестабилно со локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

Наместа процесите ќе бидат во форма на краткотрајно невреме со поинтензивен дожд, силен ветер и изолирана појава на град.