Спиењето е неопходно за живот. Некои експерти тврдат дека може да умрете ако не спиете 10 дена. За жал, многу успешни луѓе се фалат дека спијат малку.

Бројни научни студии во последните години покажаа дека недоволното спиење може да доведе до голем број на болести опасни по живот. Сепак, две третини од возрасните во сите развиени земји не успеваат да ги добијат препорачаните осум часа сон.

Спиењето помалку од шест или седум часа навечер го уништува вашиот имунолошки систем и во голема мера го зголемува ризикот од развој на различни видови на рак.

Студијата на 60.000 средовечни и постари Британци покажа дека оние кои редовно морале да дремат во текот на денот имаат 12 отсто поголеми шанси да развијат висок крвен притисок отколку нивните врсници. Истражувачите заклучиле дека дремењето не е проблем само по себе, туку сугерира неквалитетен сон во текот на ноќта.

Дури и мало намалување на сонот за само една недела може да го наруши шеќерот во крвта доволно за да доведе до преддијабетес. Исто така, недостатокот на сон го зголемува ризикот од блокада на коронарната артерија, што доведува до кардиоваскуларни болести, мозочен удар или срцева слабост.

Сигурно сте забележале дека копнеете за брза храна кога сте уморни? Премалку сон ја зголемува концентрацијата на хормонот на гладот, додека го потиснува хормонот на ситост.

Нарушувањето на сонот, исто така, придонесува за сериозни состојби, вклучувајќи депресија и анксиозност.

Премалку сон доведува до овие проблеми:

⦁ Рак⦁ Срцеви проблеми⦁ Деменција⦁ Дебелина⦁ Ослабен имунитет⦁ Ниско либидо⦁ Дијабетес.