„Еден од предусливте за подобра безбедност е мотивираност на полициските службеници за што се потребни подобри услови за работи, од инфраструктурни објекти, преку опрема, униформи и се што им е потребно. Затоа нашите активности се насочени кон обезбедување на ова“ кажа министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски во утринската програма на МРТ.

Тој додаде дека во рамките на одбележувањето на 7 мај – Денот на македонската полиција и 100 дена од новата Влада отворен беше 73 реконструиран објект на МВР во Радовиш.

„Сега работиме на неколку објекти во Гази Баба, Делчево, Берово и Свети Николе. Очекуваме и овие објекти да бидат завршени за месец дена“ рече Спасовски.

Министерот додаде дека после повеќе од 20 години МВР изгради и два целосно нови објекти – центарот за чување на електронски податоци во Прилеп и Националниот центар за форензика во комплексот на МВР.