Фејсбук статус на Оливер Спасовски од СДСМ:

Заедно сме 32 години на патот на демократијата и прогресот. СДСМ е партијатата која ги остварува стратешките државни интереси и која се грижи за сите граѓани подеднакво.

Ние сме партија на Македонци, Албанци, Срби, Турци, Роми, Бошњаци,Власи, и други народности кои заедништвото го темелат на почит, соработка, визија за просперитетен регион, како дел од европското семејство.
И, не отстапуваме од нашата намера до конечно реализирање на евроатлантската интеграција.
Ние сме НАТО, благодарение на мудрите политики на СДСМ.
Преговараме со ЕУ, заради иднината на нашите деца! За тоа – нема алтернатива!
СДСМ ги гарантира безбедноста и мирот, денес и во иднина.
Така и продолжуваме, посветено напред – рамо до рамо со граѓаните!
Да живее социјалдемократската идеја!
Да живее Република Северна Македонија и сите нејзини граѓани!