„Нашите политики се за подобар живот на граѓаните, за зголемување на животниот стандард, за унапредување на инфраструктурата и условите за живот во секоја општина, во секој град и населено место, а тоа граѓаните на Куманово го препознаваат“,- рече Оливер Спасовски на средба со граѓаните во Куманово и Агино село.

,,Поставивме пример на одговорно, домаќинско и отчетно управување со јавните финансии. Парите на граѓаните денеска не ги трошиме на барок, на споменици и палми, туку вложуваме во училишта, градинки, патишта, здравствени установи и социјални згради. Резултатите се видливи, без оглед за кој сектор станува збор и за сето она што значи унапредување на квалитетот на живот на граѓаните”-, потенцираше Спасовски.
Комуналната инфраструктура ќе остане во фокусот, -вели Спасовски.

,,Продолжуваме да градиме современа инфраструктура во секојa општина, во секој град, секое село. Ќе продолжиме со инвестициите во атмосферска канализација, како и реконструкција на улиците во општините, локалните и полски патишта, изградба на велосипедски патеки, и поддршка на инфраструктурата неопходна за развој на алтернативниот туризам”- кажа Спасовски и додаде дека граѓаните ќе го поддржат Оливер Илиевски за градоначалник на Куманово и советниците од советничката листа на СДСМ и коалицијата за реализирање на сите проекти за најдоброто за Куманово.