Министерот за надворешни работи Оливер Спасовски, на прес-конференцијата во врска со двојното убиство, кажа дека лицето во бегство е убиецот на Вања Ѓорчевска, а информациите кога оди сама на училиште ги добил од нејзиниот татко.

„Во координација и водство на ЈО во текот на изминатата ноќ беа пронајдени телата на двете лица. Иако завршницата не беше како што сакавме, да ги пронајдеме живи. Телата беа закопани, едното во околината на Скопје, другото во околината на Велес. По преземените мерки на полицијата, приведени се, и собрани се материјални докази. Приведени се петтмина, три лица се во притвор, приведен е и таткото на Вања, а едно лице е во бегство. Мотивот е користољубие, при што едно од лицата во договор со член на семејството го организирал кривичното дело се со цел да се изнудат пари од мајката. Токму со тоа возило е земена малолетничката пред влезот од живеалиштет. Таткото споделил информација за денот и времето на излегување на неговата ќерка“, информира Спасовски.