„Во август 2020 година имало 19 жртви во сообраќајни незгоди, а во оваа 2021 година има 5 жртви. Тоа е резултат постигнат со континуирани и редовни сообраќајни контроли“ кажа министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски во емисијата „Жешко политичко лето“ на Канал 5.

Тој додаде дека ова не е доволно и дека треба да се воспостави систем што ќе фунционира уште од образованието на децата.

„Мора да воспоставиме систем што ќе функционира од првиот момент, преку образовниот процес, па се до полагањето за возачки испит, да се едуцираат децата како да се однесуваат во сообраќајот“ кажа Спасовски.

Министерот додаде дека сите заедно треба да придонесуваат кон подобрување на состојбата во безбедноста на собраќајот.

„Нашите активности даваат ефект и имаат резултат, иако ова што го правиме не е довлно и треба да се развие системот повеќе“ кажа Спасовски.