– Благодарност до тимот којшто го организираше Денот на македонската полиција, чест е да се соработува со врвни професионалци кои институцијата ја прикажуваат во вистинско светло.

Благодарност до граѓаните кои присуствуваа на сите настани во Струмица, Велес, Струга, Крушево, Крива Паланка, на централната манифестација во Делчево, како и на низата активности кои се одржаа во другите градови, а во чест на македонската полиција. Нашето мото е токму за вас – Полиција блиска до граѓаните!

Посебна благодарност до медиумите кои овој наш празник го споделија со граѓаните ширум државата, со нашата соработка вие се вградивте во нашиот концепт – МВР за граѓаните!

Продолжуваме., Напиша Министерот Спасовски на својата официјална фан страна.