„Уште во 2015 година кога за прв пат станав министер за внатрешни работи како приоритети за министерството ги издвоив деполитизацијата, професионализацијата и декриминилизацијата. Во изминативе години работиме токму според нив“ изјави министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски во утринската програма на МРТ.

Тој додаде дека со измените на законите се работи на интегритетот, односно се воведе полагање на тестови за сите сегашни вработени, како и за новите.

„Полицијата треба да служи на граѓаните и државата, а не на поединци или политички партии. Токму затоа во измените на законот се внесе и забраната за членување во политичките партии“ рече Спасовски.

Тој додаде дека променети се и дисциплинските постапки со цел за јакнење на интегритетот на полициските службеници.