„Премиерот Димитар Ковачевски имаше преглед на Клиниката за инфективни болести, поради веројатно труење со храна. Тој сега се наоѓа дома во добра состојба“ изјави министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски во „Топ тема“ на Телма.

Тој кажа дека постојат безбедносни протоколи со кои се заштитени носителите на функции, особено во делот на исхраната, но сепак ваквите случаи се можни.

Тоа што е најважно е дека премиерот е во стабилна и добра состојба, истакна министерот Спасовски.