„Доколку се земат предвид сите претходни состојби во МВР – партизациајта, криминализацијата, случувањата со прислушувањето и рушењето на човеквите права и слободи или настаните од 27 април, се тоа допринесе за рушењето на довербата во полицијата“ рече министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски во утринската програма на МРТ.

Тој додаде дека полицијата може да функционира добро, но доколку перцепцијата на граѓаните не е добра тогаш нема резултати.

„Започнавме проекти за реформирање на системот во МВР, за да изградиме европски и ефикасен систем, што ќе служи на граѓаните и на тој начин да ја зголемиме довербата“ изјави Спасовски.

Тој додаде дека полициските службеници треба да следат високи морални стандарди бидејќи само така тие може да ја штитат државата и да влеваат сигурност кај граѓаните.