„Иако Владата има дискреционо право да одлучи за доделување на државјанство за национален, економски, културен, спортски или научен интерес, во праксата одлуката се носи по позитивни мислења од засегнати институции. Онишченко има четири позитивни мислења – од Коњаничка федерација, Македонски олимписки комитет, Агенција за млади и спорт и Агенција за национална безбедност“ изјави министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски во „24 анализа“ на ТВ24.

Тој додаде дека анализите за тоа дали овие мислења се исправни или не треба да се прават низ институциите.

„Во јавноста беа лиферувани лажни информации, дека Онишченко е криминалец, дека се бара со потерница, тоа не е точчно. Тој е под санкции на САД, но не може да влечеме други заклучоци поради тоа“ рече Спасовски.

Министерот додаде дека тоа што е на црната листа на САД не мора да значи дека станува збор за криминалец, но поради нашите односи со САД и стратешкото партнерство треба да се проверува и да дава информација и од овој аспект.