„Растот на минималната плата, која потоа иницираше раст на сите плати испрати јасна порака и до граѓаните и до работодавачите – Нема успешни компании и продуктивни претпријатија, ако нема мотивирани работници“ кажа потпретседателот на СДСМ и министер за внатрешни работи, Оливер Спасовски на граѓанската трибина „Најдоброто за нашата општина“ во Пробиштип.

„Мило ми е што се отвори перспективната и кај едните и кај други. Имаме работодавачи кои го ценат трудот, а на кои државата им помага и имаме работници кои знаат дека има некој што ги штити и се бори за нивните права“ кажа Спасовски.

Тој додаде дека во овие четири години СДСМ работела и за подобрување на инфраструктурата, која е клучна за растот и развојот.

„Фактите и бројките се нешто што никој не може да го побие. За 12 години власт на режимот изградени и реконстуирани беа околу 600 километри регионални и магистрални патишта. Ние за 4 години имаме над 1000 километри изградени или реконструирани патишта“ кажа Спасовски.

Министерот за внатрешни работи додаде дека Владата на СДСМ реализираше реформи и проекти во сите области.

Како што кажа Спасовски, со последните измени на законот со кој се опфаќаат 1100 стечајци е чекор кон конечно решавање на проблемот со стечајните работници и конечно затворање на тоа поглавје од македонската историја.