„Покажавме как осе работи со срце, душа и љубов за општините и со силна поддршка од централната власт. Во изминатите четири години реализирани се преку 7.000 проекти во општините.. Повторно ја имаме најдобрата кадровска и програмска понуда, а со поддршка на СДСМ ќе овозможите континуитет во развјот на општината и ќе дадете ветер во грб за развојот на државата“ кажа потпретседателот на СДСМ и министер за внатрешни работи, Оливер Спасовски на трибината „Најдоброто за мојата општина“ во Гази Баба.

Тој кажа дека во изминатите четири години само во Гази Баба се реализирани преку 200 проекти и дека СДСМ понудата на овие локални избори ја темели на 5 столба кои се клучот за развој на секоја општина.

„Првиот столб е проектот ‘мој градоначалник’, кој ќе биде непосреден со граѓаните и со редовна и двострана комуникација, вториот е ‘хумана урбанизација’ односно градење со план и одговорно. Потоа следува посветеноста на зелената агенда, како врвен приоритет што градот Скопје во изминатите 4 години и покажа што значи да се преземаат мерки за подобрување на квалитетот на воздухот. Главен приоритет и четврт столб е и локалниот економски развој бидејќи подобриот живот во државата започнува од локално ниво. И најважни се инвестициите во инфраструктурата, која е основа и на економскиот развој и на зелената агеда“ кажа Спасовски.

Тој додаде дека СДСМ не ги дели општините на мали и големи, важни и неважни, бидејќи секој граѓанин и секоја општина се подеднакво важни.