„За нас е важно што најголемиот дел од граѓаните стојат цврсто на патот кон ЕУ. Тоа е насока дека ние во ниту еден момент не може да се тргнеме од то јпат. Се друго, што ќе биде обид за попречување ќе заврши како обидите против членството во НАТО“ рече министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски во „Клик плус“ на ТВ21.

Тој додаде дека механизмите на хибридна војна се водеше и при зачленувањето на земјата во НАТО и Договорот од Преспа, а истото продолжува и сега.

„Одредени структури, невладини организации и политички парии од разно-разни причини се спротивставуваа на влезот на Северна Македонија во НАТО, има и такви кои работат на постигнување на договор со Бугарија“ рече Спасовски.

Министерот додаде дека за Владата, сепак, е најважно да имаме отворен и принципиелен дијалог со Бугарија за постигнување компромис, кој ќе ги почитува нашите црвени линии.