„Во овој момент немаме поголем наплив на бегалци од Украина. Во земјава има околу 50 луѓе од Украина, кои се во нивна приватна режија“ рече министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски во вестите на Канал 5.

Тој додаде дека формирана е група која работи на подготовка за ситуацијата доколку се случи да има зголемен наплив на лица кои бегаат од воените дејствија и бараат престој на наша територија.

„Јас се надевам дека разговорите, дијалогот и дипломатските средства ќе застанат на патот на воените дејствија и дека луѓето ќе може да останат во своите домови“ рече Спасовски.

Тој додаде дека безбедносната ситуација во државата е стабилна и дека институциите редовно ја следат состојбата и разменуваат податоци.