Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски во гостувањето во емисијата „Вин-вин“ истакна дека отпорноста на системот е клучна во борбата со корупцијата.

-Постојат структури за коишто сите ние знаеме, кои ги злоупотребуваат функциите. Мораме да најдеме јасни механизми кои ќе придонесат за негативните појави да бидат сузбиени, односно процесуирани. Нема држави каде што нема корупција, но важно е да има систем кој ќе реагира, рече Спасовски говорејќи за борбата со корупцијата.

Прашан за аферата за издавање пасоши на криминалци од страна на МВР, Спасовски кажа дека лица кои се вклучени во предметот биле блиски до ВМРО-ДПМНЕ и постоела можност за бегство. Тој откри дека Обвинителството се уште води истрага за предметот.