„Иако сите држави малку време посветуваа на сајбер нападите, во последните години сепак тоа прашање се актуелизираше. Сите земји започнаа да гледаат опасност од тоа и има иницијативи и проекти. Капацитетите на државата се неколкукратно зголемени во последниот период на ова поле“ рече министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски во „Утрински брифинг“.

Тој додаде дека во земјава имало неколку обиди за напад на веб страниците на институциите како напдот во ДИК или во статистика.

„Ние како држава стратешки пристапивме и донесовме Стратегија што ја предводи Министерството за одбрана. Исто така се развива и одделот за компјутерски криминал во МВР и технички, но и со човечки кадар“ рече Спасовски.

Министерот додаде дека за информациските технологии, најважно е да се задржат луѓето во институциите, проблем кој го решавале заедно со синдикатите.