Фејсбук статус на министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски:

Честит 100-ти роденден почитуван претседател на Главниот одбор на Сојузот на борците од Народноослободителната антифашистичката војна на Македонија 1941-1945, Никола Стојановски, со срдечни желби за добро здравје и понатамошни успеси!
Д-р Стојановски, ви посакувам да Ве служи здравјето уште многу години! Нека Вашата посветеност, одважност и мудрост продолжат да бидат инспирација за секоја следна генерација во нашата држава, но и пример за сите членови на Сојузот на борците и продолжувачите.
Инаку, д-р Никола Стојановски е учесник во НОБ и еден од ретките живи борци од Втората светска војна, а веќе втор мандат ја извршува функцијата претседател на Главниот одбор на СБМ од НОАВМ 1941-1945 и граѓаните продолжувачи.
Роден во велешко, завршил Медицински факултет во Белград и речиси целиот работен век е педијатар и директор на Болницата во Велес. Ја извршувал и функцијата пратеник во првиот парламентарен состав на независна Македонија и бил претседавач на првата конститутивна седница на Собранието во 1991 година како најстар и угледен пратеник во тогашниот состав, а бројните одликувања и признанија говорат за несебичната заложба за напредок на граѓаните и државата.