„Безбедносната состојба на целата територија на државата е мрина и стабилна и без индиции за нарушувања. Состојбата се следи активно и на дневно ниво разменуваме податоци и информации со безбедносните служби“ рече министеорт за внатрешни работи Оливер Спасовски во вестите на Канал 5.

Тој порача дека граѓаните може да бидат спокојни, бидејќи институциите се будни и редовно ја следат состојбата.

„Имаме извонредна соработка со Агенцијата за национална безбедност и Агенцијата за разузнавање. Разменувањето на податоци го гарантира мирот и стабилноста на државата“ рече Спасовски.

Министерот додаде дека засега немаме наплив на бегалци од Украина, но кажа дека Владата презема низа мерки и активности за да се подготви доколку дојде до ситуација да има лица кои ќе бараат престој.