Имавме интензивен хибриден напад од 19 октомври па се до денеска со опфатени повеќе од 520 објекти со лажните дојави, рече министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски во гостувањето во ТВ24,

-Најважно е дека во полн капацитет работеше Министерството и сите безбедносни служби. Мораше да се постапува по упатставата кои беа во важност во тој период. Ние направивме тим од експерти од сите релевантни структури и разменивме информации и баравме решенија. Јас како министер донесов посебно упатство за постапување по вакви случаи и по ова ново упатство се работи од петокот заедно со МОН, рече Спасовски.

Тој додаде дека МВР активно работи на откривање на сторителите.

-Имаме изолирано поголема група и се надевам наредниот период ќе имаме конкретни резултати. Интензитетот што се зголеми по руската инвазија кажува дека имаме спој на едни структури.. Има адреси што водат кон Иран и Русија. Уплатите за ВПН се извршени со крипто валути, рече министерот.