„Сите институции мора да се насочат и да го променат начинот на борба против корупцијата и самата перцепција за корупцијата. Ние како МВР имаме зголемување за 50 отсто на откривачката дејност на корупцијата“ рече министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски во „Утрински брифинг“.

Тој кажа дека во 2021 година има 114 случаи на корупција окткриени од МВР со причинета штета од околу 100 милиони денари.

„Треба да се работи на подигање на јавната свест за пријавувањето на корупција. Не треба да ни биде сеедно дали некој бара поткуп и да прогледуваме низ прсти, иако тоа се случува често“ рече Спасовски.

Министерот изјави дека битката против корупцијата мора да биде системска и да се води континуирано.