Денеска Оливер Илиевски кандидатот на СДСМ за градоначалник на Куманово, заедно со потпретседателот на СДСМ Оливер Спасовски оствари средби со граѓаните од Зелен рид и 3 МУБ, кадешто зборуваше за современа инфраструктура и идните проекти во соработка со централната власт.
 
“Продолжуваме да градиме современа инфраструктура во секојa општина, во секој град, секое село. Ќе продолжат инвестициите во атмосферска канализација, како и реконструкција на улиците во општините, локалните и полски патишта, изградба на велосипедски патеки, и поддршка на инфраструктурата неопхдна за развој на алтернативниот туризам. Комуналната инфраструктура ќе остане во фокусот, а општините плански ќе ги зајакнуваат капацитетите на јавните градски претпријатија.” Тој потенцираше дека само со СДСМ нема грешни проекти, затоа што градат законски и дела сите проекти на централната власт се доказ повеќе дека работиме посветено за секоја една општина во нашата земја. Илиевски ги потенцираше проектититр Мок Еколог, за чист и зелен град, проектот за модерен градски плоштад со шеталиште и подземни сообраќајници, за гасификација, за детски катчиња и спортски игралишта.

Оливер Спасовски, потпретседателот на СДСМ, истакна дека во изминативе 4 години посебна грижа е водена за локалните патишта и инфраструктурата во општините. “Преку Проектот за локални патишта, којшто е дел од тековната соработка со Светска банка и се спроведува преку Министерството за транспорт и врски, седумдесет милиони евра беа наменети да се распределат на сите 80 општини за изградба и санација на локални патишта и улици, како и на друга патна инфраструктура во единиците на локалната самоуправа. Со оваа директна помош од 500.000 евра до 2 милиона евра по општина (во зависност од проектот со којшто ќе аплицираат), силно инвестираме во локалната инфраструктура во општините.”