– По заминувањето од Крушево веднаш дојдов во Ранковце кадешто македонската полиција е на терен и помага во гасењето на пожарите, соопшти вечерва министерот за внатрешни Оливер Спасовски.

-Граѓаните не се сами, државата е со нив, ќе ги искористиме сите расположливи средства и ќе сториме се’ што можеме да ја спречиме огнената стихија низ целата држава, рече Спасовски.