Во последните денови се злоупотребува темата со бегалците исто како и во 2017 година, дека ќе се градат кампови за бегалци, кампови за мигранти, рече министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски во гостувањето на тв21.

– Мигрантската криза трае од 2015 година до денеска и е пропратена со политика на владата дека на територијата на Северна Македонија не се задржуваат мигранти, за овие 6 години не повеќе од 200 луѓе побарале азил, но факт е дека поминале еден милион мигранти, тоа значи дека нема интерес ниту мотивација тие да се задржат на нашата територија. За таа намена имаме два транзитни центри во Гевгелија и Табановце, но бидејќи оваа мигрантска рута не функциноира затоа се празни или има мал број што се уапсени по илегалните рути, појасни Спасовски.

Тој рече дека градбата за центарот за странци единствено е поврзана со МВР,  а овој дел од министерството функционира од 7 март 2001 година, занчи повеќе од 20 години.

-Зградата на актуелниот центар за странци се наоѓа во Гази Баба, тој објект не ги исполнува критериумите од разни причини за да можат и странците и вработените на достоинствен начин да бидат таму. Овој центар функционира согласно Законот за странци каде се вели дека се задржуваат странски државјани што не можат во рок од 24 часа да ја напуштат државата, сезонски работници, граѓани на кои им истекла дозволата за престој, фатени во угостителски иобјекти, или користеле фалсификуван а исправа, додека трае судската постапка тие се смстуваат во Центарот за странци, рече Спасовски.

Тој појасни дека МВР аплицирало за ИПА 2016 и е одобрен проект за кој  извадена дозвола за градба при што се гради нов центар за Странци во Стенковец.

 – Тука е манипулацијата со граѓаните, овој Центар не е во Бардовци или градски средини туку во Стенковец. Во секоја од државите постои таков Центар, ќе се пресели во нови простории.Не постои градба на објект поврзан со мигранти, туку со нормално функционирање на МВР.