„Податоците од сообраќајот покажуваат дека редовните контроли и работата на полицијата даваат резултат. Бројот на жртви во сообраќајот е на најниско ниво во последните 30 години“ изјави министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски во утринската програма на МРТ.

Тој кажа дека во 2021 година во земјава имало 116 жртви во сообраќајни несреќи, додека во 2013 таа бројка била над 190.

„Наша тенденција е овие бројки да продолжат да се намалуваат, поради што ќе продолжат контролите“ рече Спасовски.

Тој изрази и задоволство што се менува јавната свест на граѓаните за полициските контроли во сообраќајот, но и во сите сегменти на општеството, што допридонесува за поголема безбедност.