Фејсбук статус на министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски:

Вечерва на покана на Шефот на OSCE Mission to Skopje, Килијан Вал, присуствував на прием по повод јубилејот 30 години ОБСЕ во Република Северна Македонијa.

Заеднички реализиравме многу проекти, при што ги унапредивме партнерството и соработката на високо ниво, а во насока на трите воспоставени стратешки цели за професионализација, демократско полициско работење и сузбивање на транснационални закани кои ги опфаќаат борбата против организираниот криминал и интегрираното гранично управување, како и контролата на мало и лесно оружје.
Како МВР, низ низа системски реформи успеавме да ја зголемиме доверба на граѓаните во полицијата, како и транспарентноста на Министерството, а не можам да не споменам дека токму ОБСЕ одигра клучна улога во овие процеси, преку заеднички активности, кои продолжуваат и во иднина, со цел да изградиме позитивна перцепција на јавноста кон полицијата.
Променетото меѓународно позиционирање на РСМ со приемот во НАТО во март 2020 година, и прогресот во 2017 година во владеењето на правото, демократијата, човековите права, развојот на моделот на мултиетнички односи, надополнето со посветениот ангажман кон регионалната соработка и добрососедството, придонесоа Северна Македонија во 2023 година да ја преземе улогата на Претседавач со ОБСЕ.
Во оваа прилика упатувам благодарност за континуираната поддршка што Организацијата за безбедност и соработка на Европа ја обезбедува за Министерството за внатрешни работи на Република Северна Македонија, со уверување за заеднички заложби за уште подобри резултати.