Денеска, петок (26.08.2022г) во полицискиот центар ,,Ѓорче Петров“ , министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски со дел од раководството на МВР заедно со заменик амбасадорот на Чешката Република, Лубомир Пшенка, присуствуваше на примопредавањето на Донацијата на седум нови возила за потребите на Одделот за специјални полициски операции при Бирото за јавна безбедност на МВР .

Набавката на возилата е спроведена согласно Договор за Донација на финансиски средства од Чешката Република и се состои од : пет патнички теренски моторни возила, погодни за лоши патишта ,,шкода кодиак„ со вредност од 9.863.000 и две возила за транспорт и брзо распоредување – интервентно возило ,,рено мастер„ со вредност од 4.399.322 денари.