Триесет и деветгодишна жителка на скопско село завчера во тетовската полиција пријавила измама. Таа поверувала на измамник дека ако даде пари за трошоци, тој преку хуманитарна организација ќе и обезбеди стан.

– Според пријавеното, лицето и ветило дека ќе и помогне да ѝ доделат стан преку хуманитарна организација, но за подмирување на одредени трошоци побарало од неа преку таксист во Тетово да му испрати извесна сума пари. Како што е пријавено, таа му ги дала парите на таксистот, а лицето со кое контактирала телефонски не се појавило во Тетово, по што сфатила дека е измамена – информира Марјан Јосифоски, портпарол на СВР Тетово.

Полицијата сега презема мерки за расчистување и документирање на случајот.