На традиционалната, историски заснована, национална, црвена основа, обединети се симболите со кои се потенцира 30 годишнината од независноста, велат од Владата по бројните реакции за логото за јубилејот “30 години независност” е составено од повеќе елементи. 

– Сонцето, уставното име, меѓународниот МК код и бројот 30 раскажуваат за нашата државност. 

Логото не го содржи државното знаме. Сонцето кое е употребено во логото е различно од сонцето од државното знаме. Користењето на државното знаме е јасно уредено со Закон, се вели во соопштениетонсо појаснување дека  автор на логото е тимот графички дизајнери при Секторот за односи со јавноста во Владата.

Според реакцијата и оваа, и други влади, за државни празници низ годините наназад, често користеле разни варијации на сонцето како симбол кој зборува за државноста и за националноста на нашата земја.

– Владата смета дека знамето на Република Северна Македонија има специфична државна вредност и дека истото не треба да се става во логоа за прослави туку истото треба да се користи издвоено, засебно, чисто, со јасно истакнување на настани и исклучиво онака како што е пропишано со Законот за употреба на грбот, химната и знамето. Затоа, сонцето употребено во логото за 30-години независност е со поинакви и поголем број краци од сонцето од државното знаме, се вели во реакцијата.