Времето денеска претпладне ќе биде со појава на магла по одделни котлини. Преку денот сончево со мала до умерена облачност која во попладневните и вечерните часови постепено ќе се зголемува.

Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец.

Максималната температура ќе достигне од 8 до 16 степени.

Во Скопје, претежно облачно и магливо со слаб ветер од јужен правец. Максималната температура ќе достигне до 10 степени.