Времето денеска, претпладне по одделни котлини ќе биде со појава на магла, во останатите делови сончево со мала до умерена облачност.

Преку денот облачноста ќе се зголеми и ќе преовладува умерено до значително облачно и релативно топло време.

Ќе дува слаб ветер претежно од јужен правец. Максималната температура ќе достигне од 18 до 24 степени.

Во Скопје претпладне магливо, преку денот со умерена до значителна облачност. Максималната температура ќе достигне 19 степени.