Денеска времето ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност.

Во западните планински подрачја ќе има услови за краткотраен пороен дожд и ретки грмежи. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од југоисточен правец.

Минималната температура ќе биде во интервал од 5 до 11, а максималната ќе достигне од 18 до 24 степени.

Во Скопје сончево и топло со мала до умерена облачност.

Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од југоисточен правец.

Минималната температура ќе се спушти до 9, а максималната ќе достигне 23 степени.