Денеска времето ќе биде сончево и студено со мала локална облачност. Ќе дува слаб до умерен, наместа засилен ветер претежно од североисточен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -10 до -3, а максималната ќе достигне од 4 до 11 степени.

Во Скопје ќе биде претежно сончево со слаб до умерен ветер претежно од североисточен правец. Минималната температура ќе се спушти до -5, а максималната ќе достигне до 9 степени.

До вторник ќе се задржи сончево и студено време со мала до умерена облачност и умерен до засилен североисточен ветер.

Во вторник на места ќе има зголемена облачност и услови за слаби врнежи од дожд, а на планините од снег.

Од средината на седмицата ќе има позначителен пораст на температурата, особено на дневната.