Меѓу 64 и 65 пратеници ќе го сочинуваат мнозинството предводено од СДСМ.

Како дел од новото мнозинство кое ќе работи на европската иднина се очекува да се приклучи Алтернатива, пратеникот од Беса Кастриот Реџепи.

Медиумите шпекулираат и за најмалку уште еден пратеник кој е дел од Алијанса.

Со ова се очекува зацврстување на владината коалиција и континиурино работење на парламентот за време на претстојниот период кога се очекува можниот почеток за преговори на Македонија со ЕУ, енергетската криза, но и новиот бран на коронавирус.