На 29.12.2022 во 15.00 часот, полициски службеници од СВР Куманово лишиле од слобода 39 годишно лице од село Арачиново, скопско.

Тој се сомничи дека на 07.12.2022 заедно со уште едно лице физички ја нападнал својата 21-годишна сопруга во куќата на нејзините родители, по што со закана со оружје ја одвел од домот на нејзините родители.

Тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава.