Израелскиот премиер Нафтали Бенет денеска изјави дека луѓето брзаат да ја добијат третата доза од вакцината со цел да се заштитат од варијантата делта на корона вирусот, која е се’ поприсутна.

Тој ги посочи владините статистики кои покажуваат дека повеќе од 420.000 Израелци над 60 години ја примиле третата доза на вакцината, што е повеќе од една третина од вкупниот број граѓани во тие години.

Бенет по состанокот на владата рече дека се очекува до крајот на денот да се вакцинираат до половина милион луѓе со третата доза.

Во Израел беше регистриран поголем број хоспитализации поради „Ковид-19“, а повеќето од нив беа заразени со варијанта на делта.

Владата повторно воведе задолжително носење маски во затворени простории и размислува за воведување нови рестриктивни мерки.