Иако цените на горивата го достигнаа својот максимум, по огромниот раст на цената на нафтата на светските берзи, кога тие ќе се споредат со просечната плата, сега може да се наточи повеќе гориво, отколку при последниот рекорд на цените на горивата во 2012 година, објави порталот „Пари“.

Во анализата на порталот се спредуваат цените на нафтените деривати низ години со просечните плти, при што податоците покажуваат дека сега може да се купи повеќе бензин отколку по претходната рекордна цена во 2012 година.

Просечната плата во земја исплатена во декември 2021 година, изнесува 29.943 денари, со што може да се наточат 350 литри дизел или 334 литри бензин БС-95. За споредба, со просечната плата во април 2012 година, која изнесуваше 20.743 денари можеа да се наточат 282 литри дизел или 233 литри бензин БС-95.

Ваквата анализа покажува дека Северна Македонија е поподготвена за справување со светските кризи и текови отколку пред 10 години, што е резултат на правилната економска политика и навремените мерки на Владата, со цел заштита и подобрување на животниот стандард на граѓаните.