Видео на кое се гледа како двајца напаѓачи претепуваат вработен на „Техномаркет“.

Медиумите пишуваат дека инцидентот се случил во едно од продажните места сред Скопје.

Според она што се гледа на објавената снимка која ќе ве згрози насилниците прво го напаѓаат едниот вработен, кога друг колега се обидува да ги оттргне, удираат и по него, по што го докрајчуваат првиот нападнат во шокантната снимка.

По објавата на видеото од медиумите, со реакција излезе и МВР која соопшти дека случајот се случил на 20 септември и дека е целосно расчистен, а напаѓачите завршиле во домашен притвор.

– Во врска со видео материјалот кој е објавен вечерва на неколку портали, со тврдење дека станува збор за денешен настан, Министерството за внатрешни работи ја известува јавноста дека станува збор за настан од месец септември, кој е целосно расчистен и насилниците се приведени. Имено, по преземени мерки и активности, полициски службеници од Единицата за насилен криминал при СВР Скопје на 25.09.2023 ги лишиле од слобода Ф.В.(25) и А.Ф.(33), двајцата од Скопје поради основано сомнение дека на 20.09.2023 во продажен објект кај арената „Тоше Проески“ физички го нападнале вработениот А.В. од Скопје. Двајцата биле задржани во полициска станица и во службен разговор со полициски службеници го признале делото. Во координација со јавен обвинител против нив е поднесена кривична пријава, а од страна на судија на претходна постапка определена им е мерка домашен притвор. Апелираме да не се шират лажни вести кои имаат за цел да ги вознемират граѓаните, рекоа од полицијата.