Активисти на политичката партија Левица на Денот на народното востание и борбата против антифашизмот го правеа циркус пред меморијалниот комплекс „Могила на непобедените“ во Прилеп облечени во црни кошули со имиџ кој потсеќа на едни тешки времиња.

Десетина партиски активисти на оваа партија застанаа пред споменикот и го попречуваа патот на граѓаните и на државните делегации кои пристигнаа во Могила да положат цвеќе и оддадат почит на народните херои по повод 11 Октомври – Денот на народното востание.

Делегациите предводени од премиерот Зоран Заев, претседателот Стево Пендаровски како и од Собранието, Армијата, Сојузот на борци и други ги заобиколуваа за да пристигнат до местото за положување свежо цвеќе.

На овој начин активистите на Левица покажуваат непочитување не само кон институциите на државата, туку и кон хероите кои загинале за создавањето на оваа држава во време на Народно ослободителната војна.