На 14.03.2022 околу 18.00 часот во СВР Куманово било пријавено дека на улица „Никола Тесла“ во Куманово, патничко моторно возило „ауди“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од деветнаесетгодишно лица од Куманово, удрило во В.Ц.(51) од Куманово.

Во несреќата В.Ц. се здобила со тешки телесни повреди, констатирани во Општа болница Куманово.

Екипа од СВР Куманово извршила увид на место на настанот.