Првиот снег оваа сезона веќе ги зафати Австрија, Словенија. Само минатата недела првите снегулки паднаа на Завижан во Хрватска. За релативно кратко сè беше покриено со првата снежна покривка

Што се однесува до Словенија, барем нејзиниот највисок планински дел осамна денеска под снежна покривка. Белите наноси се снимени на Кредарица, планински врв на Јулијанските Алпи кај Триглав.

Малку пониско е највисоката словенечка метеоролошка станица која се наоѓа на 2.514 метри надморска височина.

– Кредарица повторно е прегрната од снег, иако висината на новиот снег е само 15 сантиметри – објавено е на Фејсбук.

Снежно провејување се очекува и во Македонија на планините, особено в недела.

Низ цела Македонија температурата значително ќе се намали и тоа особено во недела кога максималната температура ќе се искачи до околу 16 степени.