Претпладне облачно со врнежи од дожд, особено во источните делови. На планините и на некои повисоки места врнежите ќе бидат од снег. Попладне врнежите ќе престануваат, но ќе се задржи облачно, освен во крајните западни делови каде ќе има делумно намалување на облачноста. Ќе дува слаб ветер, претежно од источен правец.

Во Скопје облачно, во утринските часови со врнежи од дожд.