Следното плаќање на гасот од Русија е планирано за 20 мај и Словачка е подготвена да направи сè за да добие руски гас.

Министерот за економија за Словачка кажа дека има време за дополнителни преговори со „Гаспром“ за испораката на руск гас.

„Имаме уште време за преговори со компанијата пред плаќањето планирано на 20 мај. Ќе направиме сè за да добиеме гас и да не ни се случи истото како на Бугарија и Полска“, кажа министерот.